„Kронберг и Шуберт“ ќе биде готова вo ноември

Bez autora
Oct 03 2012

До крајот на ноември ќе заврши градбата на објектот од фабриката „Kронберг и Шуберт“ за производство на автомобилски кабли, што е германска инвестиција во индустриската зона Жабени кај Битола. Тој во придружба на битолскиот градоначалник Владимир Талески и Ајдован Адемовски, еден од сопствениците на фирмата-изведувач „Пера констракшн“, ја посети Жабени за да види како тече изградбата на првата фабрика во зоната. Изградбата е многу напредната, а планот на германските инвеститори е до 15, или до крајот на ноември, градбата на фабриката да биде комплетно затворена, а потоа да се почне со монтирање машини и доинсталирање на другите работи внатре. Во првиот квартал од идната година производството ќе биде во пол ек.

„Kронберг и Шуберт“ ќе биде готова вo ноемвриДо крајот на ноември ќе заврши градбата на објектот од фабриката „Kронберг и Шуберт“ за производство на автомобилски кабли, што е германска инвестиција во индустриската зона Жабени кај Битола, најави министерот за привлекување странски инвестиции Веле Самак.

Тој во придружба на битолскиот градоначалник Владимир Талески и Ајдован Адемовски, еден од сопствениците на фирмата-изведувач „Пера констракшн“, ја посети Жабени за да види како тече изградбата на првата фабрика во зоната.

- Изградбата е многу напредната, а планот на германските инвеститори е до 15, или до крајот на ноември, градбата на фабриката да биде комплетно затворена, а потоа да се почне со монтирање машини и доинсталирање на другите работи внатре. Во првиот квартал од идната година производството ќе биде во пол ек - изјави Самак.

Во „Kронберг и Шуберт“ веќе е комплетиран менаџерскиот тим и вработени се 30 лица.

- Најважни за битолчани се вработувањата зашто до крајот на ноември работа ќе добијат уште стотина стручни кадри, а до крајот на идната година во фабриката ќе има околу 1.000 вработени. Напоредно со набавката на машините за работа ќе течат огласите за вработување - додаде Самак.

Битолскиот градоначалник Талески изјави дека досега во Жабени се продадени 60 проценти од земјиштето што е предвидено за изградба на фабрики, односно 45 парцели кои ги купиле 26 инвеститори.

- Фабриката „Kронберг и Шуберт“ се гради на површина од 7,5 хектари. Имаме потпишано уште едно одобрение за градба за млекарница. Не сум убеден дека други инвеститори годинава ќе почнат со градба зашто градежната сезона привршува. Но напролет ќе почне градбата на пет до шест фабрики во зоната - изјави Талески.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik